среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Регион

Конечни резултати од парламентарните избори во Грција

Конечни резултати од парламентарните избори во Грција

Министерството за внатрешни работи на Грција во соработка со „Сингулар лоџик“ (Singular Logic), софтверската компанија задолжена за пребројување на гласовите, ги објавија конечните резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција.

Со пребројани на сите гласачки ливчиња од целата земја, Нова демократија е прва со 39, 85 отсто односно 8,32 проценти повеќе од СИРИЗА, додека пак во парламентот место обезбедија шест политички партии.

Поконкретно според конечните резултати по пребројаните 100 отсто од гласовите: Нова демократија освои 39,85 проценти односно 158 пратенички места, додека СИРИЗА доби 31,53 отсто или 86 пратенички места, а  Движење на промена 8,10 проценти – 22 пратенички места.

Комунистичка партија на Грција освои 5,30 отсто гласови односно 15 пратенички места,  Грчко решение 3,70 проценти или 10 пратенички места, додека  МЕРА доби 25 3,44 отсто од гласовите односно девет пратенички места

Изненадувањето на изборите е тоа што Златна зора не успеа да ја достигне потребната граница од 3 проценти за влез во Парламентот. Златна зора  освои 2,93 отсто од гласовите на Грците.

На вчерашните избори излезноста беше 57,92 отсто, а 2,08 проценти од гласачките ливчиња се неважечки. с

Коронавирус