недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Регион

Комитетот ЛИБЕ изгласа визна либералзиација за Косово

Комитетот ЛИБЕ изгласа визна либералзиација за Косово

Министерката за европски интеграции на Косово, Дурата Хоџа им честита на косовските граѓани за позитивната одлука на Комитетот ЛИБЕ на Европскиот Парламент (ЕП) за визна либерализација и изрази надеж дека визите ќе се укинат до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Косово ги исполни сите услови кои беа побарани и очекуваме процесот на донесување одлука да се затвори во текот на оваа година, напиша Хоџа на Фејсбук.

Сепак, нагласува таа, „сега се е во рацете на институциите на Европската унија“.

Според Хоџа, процесот сега продолжува со пленарна седница на ЕП, што се очекува да се одржи кон средината на септември, потоа во Советот на министри и со натамошните процедури.

Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања – ЛИБЕ при ЕП претпладнево, со 30 гласа „за“, 10 „против“ и два „воздржани“, гласаше за визна либерализација за Косово.

По ова гласање, прашањето на либерализацијата преминува во Европскиот Парламент и во Советот за меѓуинституционални договори за либерализација. (МИА)

Коронавирус