среда, 28. јули 2021. Вести денес: 122
home Регион

Комбе со мигранти излетало од патот, 12 повредени

Комбе со мигранти излетало од патот, 12 повредени

Комбе полно со мигранти излетало од патот во близина на Ријека, а во инцидентот повредени се 12 луѓе, јавуваат хрватските медиуми.

Несреќата се случила на автопатот Ријека-Загреб, а во прашање е комбе со италијански регистарски таблички.

Комбето било управувано од страна на државјанин на Унгарија кој поради неприлагодена брзина изгубил контрола над возилото.

Во комбето имало 12 лица кои се пренесени во Ургентен центар.

Дел од хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални сознанија, пишуваат дека лицата биле државјани на Сирија.

Коронавирус