вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 49
home Регион

Командосите се грижат за безбедноста на амбасадите во Тирана

Командосите се грижат за безбедноста на амбасадите во Тирана

Припадниците на армиската единица „командоси“ од утрово се грижат за безбедноста на странските амбасади во Тирана, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тоа е во рамки на планот засилени безбедносни мерки на Министерството за внатрешни работи пред утрешните локални избори во земјата, а по претходен договор со Министерството за одбрана.

Албанските командоси задолжени се за безбедноста на 84 значајни објекти, на местото на околу 300 полицајци кои вообичаено ги обезбедуваат овие објекти, а кои сега се вклучени во обезбедување на изборните комисии и избирачките места.

– Вкупно 7.779 полицајци минаа низ соодветна обука и ќе бидат ангажирани во обезбедување на гласачките места, центрите за броење гласови и општински изборни комисии. Ќе имаат на располагање возила, како и соодветни средства за комункација. Ним ќе им се придружат и 1.450 припадници на други полициски сектори, како и од граничната полиција, изјави Алберт Дервишај, директор на Бирото за јавна безбедност.

Во исто време околу 5.000, во кои се и припадниците на специјалната полициска единица за брза интервенција, ќе бидат под целосна готовност и ќе бидат ангажирани доколку има потреба.

Врз основа на членовите 42 и 114 од Изборниот законик, полициските службеници се задолжени да го одржуваат редот надвор и доколку треба и внатре на гласачките места, центрите за пребројување на гласовите, изборните комисии, како и транспортот на избирачкиот материјал.

Коронавирус