среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 141
home Регион

Колинда Грабар-Китаровиќ ја објави кандидатурата за претседателка на Хрватска

Колинда Грабар-Китаровиќ ја објави кандидатурата за претседателка на Хрватска

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска ја официјализираше својата кандидатура за втор претседателски мандат, а кампањата ќе ја води под слоганот „Затоа што верувам во Хрватска“.

– Вашата доверба е мојата сила, рече Грабар-Китаровиќ. – Како претседателка којашто директно го избирате и кој директно ве претставува, јас ги истакнував најважните проблеми, отворајќи јавна расправа за нив и нудејќи свои решенија. Сега ја барам вашата доверба за втор мандат, рече Грабар-Китаровиќ, потенцирајќи ја важноста на заедништвото.

Таа изрази благодарност до сите хрватски државјани кои ја дадоа својата поддршка и доверба и се заблагодари на ХДЗ, претседателот на партијата Андреј Пленковиќ и на секој член.

– ХДЗ сè уште ми дава силна поддршка за новиот претседателски мандат, рече Грабар-Китаровиќ.

– Јас ќе продолжам да бидам гарант на суверенитетот, нашиот начин на живот и идентитет, додаде Грабар-Китаровиќ.

Најочекуваниот датум за одржување на првиот изборен круг е недела 22 декември, додека вториот круг ќе се одржи четиринаесет дена подоцна на 5 јануари следната година.

Коронавирус