среда, 30. септември 2020. Вести денес: 72
home Регион

Кој е серискиот педофил од Србија кој шиша девојчиња, а потоа ги силува?

Кој е серискиот педофил од Србија кој шиша девојчиња, а потоа ги силува?

Цели шест дена во Србија се води голема потрага по 12-годишната Моника Каримановиќ која исчезна на 20 декември, на пат кон основното училиште.

Потрагата се засили вчера кога сите траги почнаа да укажуваат на тоа дека озлогласениот педофил, Нинослав Јовановиќ од Малча, попознат како „Малчански бербер“, кој излегол од затвор во март годинава, имал средба со неа.

Масовните претреси продолжија од полицијата во текот на целата ноќ до денес, во кои беа вклучени кучиња за пребарување, топлински камери за сликање и хеликоптерски единици, како и 220 припадници на полицијата и жандармеријата. Полицијата денес темелно го пребарала  селото во централна Србија, но не нашла нови индиции за откривање на локацијата на девојчето.

Но, кој е серискиот педофил „Малчански бербер“ кој шест дена бега од полицијата со својата најнова жртва? Монструозен педофил кој киднапира девојчиња, им ја сече косата и потоа ги силува.

Чудовиштето редовно им ја шиша косата на своите жртви пред силувањето. Отсечена коса била пронајдена вчера во шталата на една куќа, а се претпоставува дека косата и припаѓа на киднапираната Моника.

Две недели пред да биде киднапирана Моника Јовановиќ, според „Блиц“, тој го однел девојчето на фризер , кому му рекол дека е негова ќерка и побарал да и ја скратат косата . Следниот ден, тој се вратил и ги замолил да му ја дадат нејзината коса.

„ Малчанскиот бербер“ е осуден педофил, а една од претходните жртви за Вечерње новости раскажа вознемирувачка исповед.

“Пред петнаесет години, овој човек ми направи ужасни работи од кои никогаш не сум се опоравила. Кога слушнав дека е ослободен од затвор, се исплашив. Не за себе, туку за моето дете. Сега имам ќерка, таа е сè уште млада,има пет години, но сè уште сум исплашена затоа што овој манијак е на слобода. Веста дека исчезна Моника ми го врати филмот. И јас имав 12 години. Повторно ги доживувам сите ужаси “, раскажа  НП (27).

Таа била киднапирана и малтретирана пред 15 години од „ Малчанскиот бербер“.Се сеќава дека тој влегол во нивната куќа тој кобен ден и се претставил како пријател на нејзиниот татко, кој неодамна починал. Ги замолил нејзиниот брат и неа да одат со него за да му помогнат за нешто. На половина пат, ја прашал девојката дали сака да ја продаде косата во фризерски салон за пари. Со оглед на тоа дека сумата била привлечна, таа се согласила, а нејзиниот брат потоа се вратил дома по ножици.

„Кога бев насамо со него, ме однесе на една сосема друга страна“, се сеќава на морничавите детали оваа Нишлијка, сега мајка на три деца.

„Свртевме и поминавме низ некои полиња. Знаев дека нè измами. Се обидов да избегам, но не можев. Тој ме однесе во напуштена колиба. Ми се закани, рече дека неговите луѓе се наоколу и да не се обидувам да бегам, дека ќе ме убијат ако ме видат.Тогаш тој извади ножици и почна да ме потшишува. Плачев, а потоа ме силуваше.На крајот на денот ми рече дека можам да си одам и ме пушти. Со години го сонував зтој ден “, рече жртвата.

Роднините на Нинослав Јовановиќ, исто така, велат дека се во шок и ужас од Јовановиќ.

“Тешко е , и ние сме во шок. Ние сме  исплашени за нашите животи , зашто сите го насочуваат прстот кон него. Тој е опасен и за нас. Не сме го виделе со месеци”, изјави еден од роднините на Јовановиќ за Новости.

Коронавирус