сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 2
home Регион

Кои се премиерите со највисоки плати во регионот?

Кои се премиерите со највисоки плати во регионот?

Косовскиот и албанскиот премиер, Рамуш Харадинај и Еди Рама имаат највисоки плати во регионот во споредба со колегите од другите земји според најновиот извештај на Светска банка.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ е со најниска плата во регионот, а повисока плата од неа имаат премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

„Шефот на косовската Влада, Харадинај има највисока плата или 2.950 евра. Веднаш по него, според висината на месечната плата е неговиот албански колега Рама, со 1.700 евра. Наспроти тоа Албанија и Косово се со најниски просечни месечни плати на Балканот, кои се пониски дури петпати од премерските плати“, наведуваат албанските меиуми.

Брнабиќ има најниска плата во регионот, односно 1.000 евра, додека македонскиот премиер Заев има месечна плата од 1.300 евра, а претседателот на црногорската Влада, Марковиќ има месечни примања од 1.130 евра.