понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 100
home Регион

Коѕијас во Белград: Србија му припаѓа на европското семејство

Коѕијас во Белград: Србија му припаѓа на европското семејство

Меѓу Србија и Грција нема отворени прашања, порачаа денеска министрите за надворешни работи на двете земји Ивица Дачиќ и Никос Коѕијас, кои разговараа за продлабочување на соработката и зачувување на стабилноста во регионот.

Коѕијас на заедничка прес-конференција истакна дека Србија му припаѓа на европското семејство, затоа што е развиена држава и општество.

Според него, Грција ја чувствува одговорноста што ја има за стабилноста во регионот и соработува со Србија во тој поглед.

– Разгледавме продлабочување на соработката меѓу двете министерства и наше заедничко дејствување и соработка во ЕУ и каде што можеме да си помогнеме едни на други, рече Коѕијас.

Дачиќ и се заблагодари на Грција за поддршката која и ја дава на Србија за територијалниот интегритет и на ставот да не ја признава независноста на Косово.

На средбата меѓу српскиот престедател и Коѕиајс, Вучиќ го известил шефот на грчката дипломатија за проблемите и застојот во спроведувањето на Бриселскиот договор. Тие, меѓу другото, разговарале и за билатералната соработка, ситуацијата во регионот и европските интеграции на Србија.

Српскиот претседател и се заблагодарил на Грција за интересот кој го покажува за дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тој истакна дека многу ја цени континуираната поддршка на Грција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

Вучиќ истакна и дека полноправно членство во Европската унија е на врвот на надворешнополитичките приоритети на Србија и нагласи дека што побрза интеграција на сите земји од Југоисточна Европа во ЕУ е единствена реална гаранција за трајна и одржлива стабилизација на целиот регион.

Грчкиот министер Коѕијас нагласи дека од интерес на Грција е Србија да биде стабилна и да ја одржува стабилноста на регионот.

– На овој регион му треба соработка, заклучи шефот на грчката дипломатија.

МИА

Коронавирус