четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Ќерката на Вучиќ следена од маж со богато полициско досие

Ќерката на Вучиќ следена од маж со богато полициско досие

„Српски Телеграф“ пишува дека човек со богато полициско досие, Саша Петерсен (44) секојдневно ја следен ќерката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Весникот наведува дека Петерсен се заканувал и планирал напад на луѓето задолжени за нејзината безбедност.

-Постојано од ден на ден, доаѓаше пред училиштето во кое учи Милица Вучиќ (17). Го снимаше девојчето, но и членови на обезбедувањето кои се задолжени за нејзината безбедност, пишува весникот повикувајќи се на свои извори.

Петерсен, според информациите на „Српски Телеграф“ на безбедносните служби им бил познат под името Саша Предиќ, пријавен во Велика Плана, а живее во Белград.

Во неговата криминална биографија се запишани сериозни кривични дела. Бил идентификуван како лице склоно кон екстремизам и тероризам, а бил апсен поради кражби и неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Безбедносните служби откриле и дека Саша не само што ја следел Милица, тукус воите намери ги откривал и во мејлови испратени до кабинетот на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.