петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Ќе ви го распара срцето: Со тригодишиот син се спасиле, сопругата изгорела 

Ќе ви го распара срцето: Со тригодишиот син се спасиле, сопругата изгорела 

Панајотис Дакалос ја загуби 35-годишната сопруга. Официјално не е идентификувана, но веројатно е дека нејзиното изгорено тело било пронајдено веднаш до автомобилот додека се обидувала да им побегне на огнените јазици. Дакалос успеал да се спаси, заедно со неговиот тригодишен син. Завршил само со помали изгореници по телото, додека, пак, детето е добро. Тој ден, Мати го посетиле за да одат на плажа, оделе често таму, а тој добро го знаел местото.

– Бевме заедно во автомобилот, лево и десно се ширеше пожарот, огнените јазици  беа толку големи до степен што добиваш изгореници од зрачењето, без да имаш физички контакт. Го земав детето, го завиткав во пешкир и инстиктивно почнав да трчам кон плажата. Мојата жена остана позади и не знам што се случи. Не се свртив да погледнам. Јас и детето се спасивме. Има три години, но сфати што се случи, сепак, е добар. Стигнавме на плажата и влеговме во море. Останавме се додека не дојдоа да не спасат, раскажува Дакалос, а изгорениците од пожарот се видливи на десната страна од неговото тело. Во текот на вчерашниот ден, однесе дополнителен примерок ДНК од неговата сопруга, влакна од четката за коса, за да им помогне на вештаците во процесот на идентификација на јагленосаните тела. 

Извор: МИА

Коронавирус