среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 109
home Регион

Китаровиќ денеска официјално ја објавува својата кандидатура

Китаровиќ денеска официјално ја објавува својата кандидатура

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска ќе ја официјализира својата кандидатура за втор претседателски мандат, објавија хрватските медиуми.

Грабар Китаровиќ најави дека ќе влезе во трката за реизбор за претседател на Хрватска на почетокот на август во Книн, на централната прослава за одбележување на воено-полициската операција Олуја во 1995 година.

Нејзината кандидатура кон средината на септември ја најави и Иван Анушиќ, која ќе ја води нејзината изборна кампања.

Грабар Китаровиќ има целосна поддршка од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), нејзината матична партија, потврди повеќе пати и премиерот Андреј Пленковиќ.

Најочекуваниот датум за одржување на првиот изборен круг е недела 22 декември, додека вториот круг ќе се одржи четиринаесет дена подоцна на 5 јануари следната година.

Коронавирус