понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 138
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Кипарската влада даде зелено светло за втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки

Кипарската влада даде зелено светло за втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки

Со отворање на основните и дел од средни училишта, со целосно укинување на забраната за движење и полицискиот час и слободно движење во паркови, на плоштади и сл, со отворање на фризерските и козметичките салони, како и на кафулињата и угостителските објекти, од утре започнува втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки на Кипар, откако Владата даде зелено светло, јави дописничката на МИА од Атина.

На владината седница, како што соопшти портпаролот Кирјакос Кусиос, било одлучено освен планираното олабавување за 21 мај 2020 година, два дена подоцна да се отворат и религиозните објекти, плажите и обложувалниците.

Во однос на образовните институции, градинките и високото (незадолжително) средно образование за деца од 15 до 18 годишна возраст ќе останат затворени, а ќе се отворат само основните и средните училишта што се дел од ниското (задолжително) средно образование.

Во третата фаза, на 1 јуни 2020 година, вратите одново ќе ги отворат археолошките локалитети, музеите и библиотеките.

Портпаролот на кипарската Влада, упати апел до граѓаните во име на претседателот и владата на земјата, да ги почитуваат превентивните мерки на лична хигиена и да го одржуваат потребното растојание.

-Досегашниот одговорен став на нашите сограѓани ќе треба да продолжи. Пандемијата не заврши и ќе треба да го заштитиме она што сите заедно, со жртвувања и труд го постигнавме во земјата, рече Кусиос.

На 4 мај со отворањето на продавниците, со исклучок на трговските центри, отворањето на пазарите, туристичките агенции, враќање на работа на државните службеници, беше воведена првата фаза од олабавувањето на рестриктивните мерки на Кипар, но за граѓаните продолжи да важи забраната за движење и полицискиот час

Согласно последните официјални податоци од Министерството за здравство на Кипар, од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера регистрирани се 918 случаи на Ковид-19, а починаа 17 лица кај кои новиот коронавирус беше главната причина за смртта.

Коронавирус