четврток, 22. април 2021. Вести денес: 120
home Регион

Кина ќе донира на Црна Гора 30.000 дози од вакцината Синофарм

Кина ќе донира на Црна Гора 30.000 дози од вакцината Синофарм

Кина одобри донација од 30.000 дози од вакцината Синофарм за Црна Гора, која наскоро треба да пристигне во земјата, соопшти Владата на Црна Гора.

Во соопштението се вели дека кинеските власти ја одобриле донацијата откако биле контактирани од црногорската влада, и покрај ограничениот капацитет за производство на вакцини во Кина и на глобално ниво.

Посочувајќи дека повеќе од 40 земји побарале кинеска вакцина, владата во Подгорица истакна дека кинеските власти ги поддржале своите производители да преговараат со црногорските власти за набавка и одлучиле да ги одобрат бараните количини во форма на донација.

Во соопштението се потсетува дека Кина учествувала во иницијативата КОВАКС на Светската здравствена организација и ќе им обезбеди 10 милиони дози вакцини.

„Кина, исто така, обезбедува извоз на вакцини во земји во вонредна состојба и кои ја одобрија нивната итна употреба. Оваа ситуација ја потврдува најавата на кинескиот претседател Си Џинпинг дека кинеската вакцина против КОВИД-19 ќе стане глобален јавен производ и придонес на Кина во обезбедувањето достапност и пристапност на вакцините за земјите во развој“, се вели во соопштението.

Коронавирус