четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Регион

Кикиљас: Не воведувам нов карантин туку имам друг план

Кикиљас: Не воведувам нов карантин туку имам друг план

Не можеме да одиме на втор карантин, имаме план Б, како што се локални карантини, тестови за повеќе туристи или задолжителни тестови, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Антена“.

-Сите земји, и оние кои беа во многу полоша ситуација од нас, кои не внимаваа или донесоа погрешни мерки, сега одат на постепено укинивање на мерките. Ние имаме втор план, план Б за локални карантини, за дополнителни корекции, за PCR тестови евентуално за повеќе туристи или да бидат задолжителни. Тоа се работи кои секојдневно ги разгледуваме со експертската комисија, која ѝ дава препораки на Владата. Треба да научиме да живееме со вирусот, вели Кикиљас.

Истакна дека од сите зависи дали ќе има едноставно зголемување на случаите, кое што може да се контролира или втор бран и додаде дека „е прашање на одговорност на органите на државата, но и на индивидуалната одговорност и на туристите и на граѓаните“. (МИА)

Коронавирус