среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Регион

Кикиљас: Грција ќе добие околу три милиони дози на вакцината за коронавирусот, првиот дел на крајот на декември

Кикиљас: Грција ќе добие околу три милиони дози на вакцината за коронавирусот, првиот дел на крајот на декември

На крајот од декември Грција ќе го добие првиот дел од 700.000 дози од вакцината за коронавирусот, а во рамките на договорот на Европската комисија, постепено ќе обезбеди околу три милиони дози, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас објасни дека „пред неколку дена претседателката на Европската комисија, преку „Твитер“ го соопшти договорот со „Астра Зенека“ за 400 милиони дози на вакцината од Кембриџ која е веќе во третата фаза, а се очекува во ноември да заврши и четвртата фаза и да добие лиценца“.

-Ако сè биде во ред, Грција, првиот дел од дозите, ќе го има на крајот од годината. И ќе добие на крајот на декември, на крајот на јануари, во февруари, март, април, мај и јуни. Во седум постепени испораки ќе го добие соодветниот дел од вакцината, за која што веќе се договори Европската комисија. Ќе почнеме со околу 700.000 дози во декември, со вакцинирање на ранливите групи, а потоа и на целото население, рече министерот за здравство на Грција, објаснувајќи дека вкупната количина што ќе ја добие Грција е околу три милиони дози од конкретната вакцина. (МИА)

Коронавирус