сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

КФОР нема да се меша, на Косово се апсат Срби, Вучиќ ги активираше безбедносните служби

КФОР нема да се меша, на Косово се апсат Срби, Вучиќ ги активираше безбедносните служби

КФОР потврди дека е во тек операција на Косовската полиција, која по налог на Обвинителството во Приштина се одвива на цело Косово.

„Операцијата на косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството на цело Косово, не само на север, и не е вперена против Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал“, соопшти портпаролот на командата на КФОР, Винченцо Грасо.

„Ние засега ја следиме ситуацијата, во контакт сме со властите во Приштина, но отворена ни е и комуникацијата со Србија“, вели Грасо.

Според неговите зборови во прашање е полициска акција каква што се слуувало и во минатото, така шт КФОР само ја „следи ситуацијата“.

 

Коронавирус