вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 130
home Регион

„Катимерини“: САД трупаат авијација на островот Крит

„Катимерини“: САД трупаат авијација на островот Крит

Четири американски авиони CVT-22B Osprey и два воени транспортера C-130 Hercules слетале во воената база Суда на островот Крит во четвртокот, објави весникот Катимерини.

Според извори на весникот, шесте авиони кои се префрлени од американска база во Англија ќе се користат за потенцијални операции за евакуација на американски граѓани или офицери од Ирак или од поширокиот регион на Блискиот исток.

Според аналитичари, засиленото стратешко значење на таа база добива на тежина бидејќи авиобазата Инџирлик во јужна Турција е поблизу до Багдад.

Коронавирус