понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 84
home Регион

Карантин во Словенија: Затворени 7 од 12 региони

Карантин во Словенија: Затворени 7 од 12 региони

Во Словенија стапи на сила делумен карантин кој се применува во седум од 12 региони, поради зголемениот број на заболени од коронавирус.

Од денеска забрането е групирање на повеќе од 10 лица, а за постарите ученици наставата ќе се одвива онлајн.

Со новите карантински мерки погодени се и градовите Љубљана, Крањ и Цеље, додека Марибор и Копер не се наоѓаат во таканаречената црвена зона. Карантинот значи дека во одредени региони не смее да се влегува или излегува освен со посебни случаи како заминување на работа или на лекар.

Се додава и дека листата ќе се менува во зависност од развојот на ситуацијата.

Во овие седум региони кои се наоѓаат на црвената листа забранети се и организирање на настани, венчавки, собири и црквени церемонии.

На сила е и обврската за носење заштитна маска во затворени простории, на отворено, во автомобили кога се превезуваат лица кои не се членови на исто домаќинство.

Коронавирус