недела, 9. мај 2021. Вести денес: 135
home Регион

Како на филм: Пациент испаднал од возило на Брза помош и починал- трагедија во Србија (ВИДЕО)

Како на филм: Пациент испаднал од возило на Брза помош и починал- трагедија во Србија (ВИДЕО)

Еден пациент загинал кога испаднал од возило на Брза помош во населбата Џеп кај Владичин Хан.

Несреќата се случила синоќа околу 21 часот на магистралниот пат Врање-Лесковац.

До трагедијата дошло кога возилото на Брза помош тргнало да претекнува камион, но во тој момент му наишол автомобил од спротивниот правец. Со намера да го избегне автомобилот кој му доаѓал во пресрет, возачот на амбулантното возило наводно нагло свртел и удрил во банкината, при што пациентот испаднал од возилото и починал.

Несреќата создала и голем метеж на патот.

Коронавирус