недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 65
Во живо

29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Kај грчкиот остров Лезбос потона чамец со илегални мигранти

Kај грчкиот остров Лезбос потона чамец со илегални мигранти

Најмалку шест лица се удавиле, а десетици се водат како исчезнати при потонување на чамец со илегални мигранти во Егејското Море во близина на грчкиот остров Лезбос, јави турската телевизија ТРТ.

Според првични информации, досега се спасени 58 лица.

ТРТ, повикувајќи се на грчката новинска агенција „АМНА“, јави дека во чамецот имало околу 80 лица.

Во тек е акција за пребарување и спасување со бродови и хеликоптери на екипите на Грчката крајбрежна стража и Европската агенција за погранична и крајбрежна безбедност (Фронтекс).