сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Регион

Кабинетот на Тачи информира за средбата со Грабар-Китаровиќ, но ја премолчи нејзината изјава за границите

Кабинетот на Тачи информира за средбата со Грабар-Китаровиќ, но ја премолчи нејзината изјава за границите

Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи информира денеска за неговата средба во Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание на Обединетите нации, со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар–Китаровиќ, но не ја пренесува нејзината порака дека на Балканот не смее да има промени на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од претседателскиот кабинет, Тачи и Грабар-Китаровиќ разговарале за евроатлантските перспективи на Косово и за последната фаза од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

– За нас Хрватска, како членка на ЕУ и на НАТО, а и како еден од главните регионални актери, е партнер на Косово во служба на стабилноста и мирот во регионот. Ние делиме заеднички гледишта за случувањата во регионот и имаме традиционално партнерство, изјави Тачи.

Хрватските медиуми, пак, јавија дека Грабар-Китаровиќ го потсетила својот косовски колега на „принципот на Бадентеровата комисија дека границите на територијата на поранешна Југославија треба да останат врежани во камен“.

– Беше интересно да се разговара со претседателот на Косово, Тачи, за односите меѓу Белград и Приштина и за темата која се споменува во последно време околу можноста за размена на територии. Тука, ние сме многу внимателни и му ги изнесов нашите аргументи и ставови, како и фактот за принципот на Бадентеровата комисија дека границите на територијата на поранешна Југославија треба да останат врежани во камен, ја пренесоа медиумите во Приштина изјавата на Грабар-Китаровиќ по средбата со Тачи. (МИА)

Коронавирус