недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Регион

„Јутарњи“: Парламентарни избори во Хрватска во јули

„Јутарњи“: Парламентарни избори во Хрватска во јули

Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат во јули, речиси половина година пред рокот, а владејачката ХДЗ ќе одлучи меѓу три можни датуми – 5, 12 или 19 јули, пишува денеска весникот „Јутарњи лист“.

Весникот, повикувајќи се на свои извори, наведува дека ХДЗ за датумите одлучил вчера, и предлогот ќе му го достави на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Се наведува дека на премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ му одговараат сите три споменати датуми, а според изворите на весникот, не се очекува Милановиќ да прави проблеми и да ја искористи својата законска можност да ги одложи изборите.

ЕУРО 2020

Македонија