сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 107
home Регион

Јенс Шпан ги истакна условите според кои компаниите во таа држава може наскоро да продолжат со работењето

Јенс Шпан ги истакна условите според кои компаниите во таа држава може наскоро да продолжат со работењето

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ги истакна условите според кои компаниите во таа држава може наскоро да продолжат со работењето.

Имено, кон средината на март прекинаа со работа сите компании што не беа неопходни за населението за време на пандемијата.

„Фабрики или компании кои уверуваат дека објектот е безбеден за вработените и дека мерките за хигиена и социјалните растојанија ќе се почитуваат, можат полесно да се рестартираат. Оние објекти како клубови во кои луѓе се на близок контакт треба подолго време“, нагласи Спан.

Првите чекори за олеснување на мерките може да почнат уште по католички Велигден, изјави Шпан за Ханделсблат. Тој објасни дека Германија забележува „позитивен тренд“ во падот на новозаразени и дека доколку продолжи трендот „може да се разговара со премиерите за постепено враќање во нормала по велигденските празници“.

Економските институти најавуваат дека германскиот бруто-домашен производ (БДП) годинава може да падне за 4,2 отсто поради кризата предизвикана од пандемијата.

Коронавирус