понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 7
home Регион

Јавниот долг на Хрватска се намали на 76,1 отсто од БДП

Јавниот долг на Хрватска се намали на 76,1 отсто од БДП

Јавниот долг на Хрватска на крајот од второто тромесечје изнесува 284,07 милијарди куни, што е за 3,8 милијарди куни (1 куна=о,13 евра) или 1,4 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, но уделот на долгот во Бруто домашниот производ (БДП) продолжи да се намалува, според извештајот на Евростат.

Според извештајот на Европскиот завод за статистика, учеството на јавниот долг се намалило за 2,3 процентни поени – од 78,4 проценти од БДП, колку што изнесувал лани на 76,1 отсто.

Тоа е најниско ниво од 2012 година, кога изнесуваше 69,4 отсто од БДП.

И покрај растот на номиналниот износ на јавниот долг на годишно ниво, учеството на долгот во БДП е намалено поради побрзиот раст на економијата во однос на растот на долговите. ссм/

Коронавирус