сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Регион

Известувачката на ЕП за Косово: Српската православна црква не постои

Известувачката на ЕП за Косово: Српската православна црква не постои

Откако пратеничката во Европскиот парламент, Виола фон Крамон разговарала со бискупот на Дизелдорф и цела Германија, Григориј, во кореспонденција со корисник на таа платформа, објавила дека „Српската православна црква не постои”.

Таа објавила како одговор на коментарот дека Српската православна црква е проруска и дека би било одлично тоа да се промени.

-Не постои „Српска православна црква“, тоа се автономни епархии, за разлика од Католичката црква. Разговарајте со бискупот и ќе се изненадите, напишала Фон Крамон.

Да потсетиме, известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, е позната по своите изјави и постапки во корист на Приштина, не е тајна дека таа е една од најсилните поборници за независност Косово и се смета себеси за „лобист за Косово“, пишуваат српските медиуми.

Коронавирус