сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 51
home Регион

Изгласан новиот Закон за високо образование во Грција, студентите одржаа нов протест

Изгласан новиот Закон за високо образование во Грција, студентите одржаа нов протест

По тридневна расправа и жестока дискусија меѓу пратениците, грчкиот Парламент со 166 гласа „за“ и 132 „против“, синоќа го изгласа новиот закон за високо образование, додека пак студентите одржаа нов, мирен протест, јави дописничката на МИА од Атина.

Предлог законот на Министерството за образование на Грција за „Упис во високо образование, заштита на академската слобода, надградба на академската средина и други одредби“, беше поддржан од владејачката Нова демократија и од Грчко решение, додека против гласаа останатите опозициски партии.

Додека траеше расправата на пленарната седница, студентите, по масовните демонстрации во средата, вчера одново се собраа пред Парламентот, за уште еднаш да го изразат нивното незадоволство за измените во законот, но и уште еднаш да побараат да биде повлечен.

Протестот, на кој според грчката полиција, учествуваа 2.500 лица помина мирно, без никакви инциденти, а студентите три часа останаа пред Парламентот.

Новиот Закон, меѓу другото предвидува, воведување на ограничено време за студирање, односно на шест години за оние што се на факултетите со четири години и осум и девет години за високото образование што трае пет, односно шест години, но и промени во бројот на поени за запишување на факултет, како и можноста за формирање универзитетска полиција.

ЕУРО 2020

Македонија