понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 181
home Регион

Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори

Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори

Во Хрватска на полноќ започна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори, на кои 3.860.000 гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ (ХДЗ) или поранешниот премиер Зоран Милановиќ (СДП).

Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места.

Државната изборна комисија ги повика кандидатите, нивните предлагачи, гласачите и медиумите да го почитуваат изборниот молк. Исто така побарано е молкот да се почитува и на социјалните мрежи.

На полноќ истеке и рокот за собирање донации. Според извештаите, во тоа поуспешна е Грабар-Китаровиќ, која до 27 декември од донатори доби 2,3 милиони куни (околу 308.000 евра), додека Милановиќ собра 813.000 куни (околу 110.000 евра).

Според последната изборна анкета, објавена синоќа во Дневникот на Нова ТВ, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.

Покрај Хрватска, на изборите ќе гласаат уште 47 земји, при што првите избирачки места се отвораат во Австралија во сабота вечер, по средно европско време.

Коронавирус