петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Италијанка третпат заразена со коронавирус

Италијанка третпат заразена со коронавирус

Италијанка од Ломбардија за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија открила дека третпат се заразила со вирусот Ковид-19.

Италијанката, која била на одмор во градот Тертенија на Сардинија, поради други здравствени причини отишла во болница каде што открила дека е повторно позитивна на Ковид-19.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, таа претходно во два наврати била во болница поради вирусот, по што била излекувана, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус. Сега е хоспитализирана во градот Ланузеи.

Според соопштението од локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според „антиковид“ протоколот, нејзините контакти ќе се следат за да се утврди дали има други заразени. (МИА)

Коронавирус