среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Регион

Италија губи пет милијарди евра поради сезона без туристи од земји надвор од ЕУ

Италија губи пет милијарди евра поради сезона без туристи од земји надвор од ЕУ

Поради летната сезона без туристи од земји надвор од ЕУ, поради пандемијата и карантинската обврска, Италија ќе претрпи штета од околу пет милијарди евра, а тоа е колку трошат овие патници за сместување, храна, транспорт, забава и шопинг во текот на јули, август и септември.

Ова го покажа анализата на италијанското здружение Колдирети за последиците од проширените мерки во Италија поради пандемијата, која, меѓу другото, предвидува обврска за 14-дневен карантин за лица кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ.

Според здружението, повеќе од пет милиони луѓе од државите надвор од Европа ја посетиле Италија минатата година во јули, август и септември, додека оваа сезона практично нема да има туристи од другите континенти.

Како што е наведено, поради рестриктивните мерки, Италија е без американски туристи оваа летна сезона со вкупни трошоци од 1,8 милијарди евра во текот на овие три месеци. (MИА)

Коронавирус