вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 118
home Регион

Истражување: 20,7 проценти од населението во Србија развило имунитет на коронавирус

Истражување: 20,7 проценти од населението во Србија развило имунитет на коронавирус

Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата, 20,7 проценти од населението во Србија се здобило со имунитет на коронавирус, а најмногу отпорни се младите под 19 години, покажуваат резултатите од втората национална студија за серопреваленција за САРС-КоВ-2.

Според таа студија, секоја трет или 31,8 проценти во оваа возрасна група има IgG антитела, односно природно стекнат имунитет откако биле заразени, пренесува „Танјуг“.

Од вкупното население во Србија, најзаштитени се жителите на Крагуевац, Ужице, Чачак, Валево и Шабац.

Резултатите од студијата покажуваат дека во овие области секој петти, односно 23,1 процент од популацијата има антитела.

Студијата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства или вкупно 2.500 испитаници.

Наодите од студијата спроведена од Институтот за епидемиологија на Медицинскиот факултет во Белград во соработка со Институтот за примена на нуклеарната енергија допрва треба да бидат објавени, а директорот на Институтот, проф. Татјана Пекмезовиќ за „Новости“ потврди дека е завршена и дека ќе биде објавен наскоро.

Коронавирус