понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 113
Во живо

Протест во Свети Николе- „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Регион

Истрага на грчкото Обвинителство за случаите со Ковид-19 во две приватни клиники во Атина

Истрага на грчкото Обвинителство за случаите со Ковид-19 во две приватни клиники во Атина

Грчкото Обвинителство ќе започне истрага за утврдување дали е сторено кривично дело за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во двете приватни клиники во Атина во кои се појави Ковид-19 кај пациентите и персоналот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во едната клиника со 300 пациенти и 170 вработени, вчера почина едно лице позитивно на коронавирусот, првите 92 анализи се негативни, додека пак другата клиника е во карантин,бидејќи заклучно со вчера беа потврдени 28 заразени, јави дописничката на МИА од Атина.

И во двете клиники во тек е процедурата на анализирање на примероците и се чекаат резултатите од останатите тестови.

Доколку истрагата покаже дека одговорните во двете клиники ги прекршиле превентивните мерки, врз основа на Кривичниот законик, според АНА-МПА, можат да бидат казнети со: затворска и парична казна во случај на опасност од ширење на вирусот на неодреден број луѓе; затворска казна до десет години ако прекршувањето резултирало со пренесување на вирусот; затворска казна до десет години ако е регистрирана смрт и доживотна затворска казна во случај на смрт на поголем број луѓе.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вчерашната редовна прес конференција во Министерството за здравство истакна дека за двата случаи надлежните ќе бидат и под кривична и под дисциплинска истрага за евентуална одговорност за небрежност.

Професорот Сотирис Циодрас, пак рече дека потребна е внимателност и претпазливост од сите, особено од здравствените работници, бидејќи „невнимателното однесување на малкумина е неправедно за оние кои внимаваат“.

Коронавирус