сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 59
home Регион

Исповед на жената која го пронајде бебето оставено пред црква: Кучето ме однесе до портата, бебето тивко плачеше

Исповед на жената која го пронајде бебето оставено пред црква: Кучето ме однесе до портата, бебето тивко плачеше

Благодарение на едно куче, кое утринава водејќи се од своите сетила ја однело сопственичката пред портите на Свети Архангел Гаврил во центарот на Чајетина, Србија, пронајдено и спасено е штотуку родено машко бебе кое некој го оставил.

Новороденчето од три килограми сега се наоѓа во болница во Ужице.

Нада Милошевиќ, заменик директорката за немедицински работи на Специјалната болница „Чигота“ утринава го изнела своето куче на прошетка. На тротоарот во близина на црквата Свети Архангел Гаврил, таа се обидела со кучето да ја премине улицата кон блискиот парк.

-Во еден момент кучето се вознемири и почна да лае. Мислев дека почувствува мачка, но поради густата магла не можев да видам за што се работи. Меѓутоа тој не сакаше да ја премине улицата и ме влечеше кон портата на црквата толку силно што тргнав по него. Штом застанав на капијата, сфатив поради што беше вознемирен. На мермерниот праг, завиткано во бела ткаенина, лежеше бебе и тивно плачеше, изјавува за српски „Блиц“, Нада Милошевиќ.

Таа додава дека не смеела да му се приближи на бебето поради кучето, па тропнала на вратата на парохискиот дом  од која излегол свештеникот Петар кој се подготвувал да тргне кон црквата.

-Толку многу бевме испаничени и изгубени па не можевме да се сетиме на броевите од полиција и итна помош. Јас истрчав во Домот за здравје, свештеникот во полициска станица, а неговата жена остана со бебето. Слушнав дека се добро поминало, но не можам да сфатам дека некој може да остави дете, истакнува жената.

Засега се уште не е познато која е мајката, а кој го оставил бебето на прагот на црквата.

Од болницата каде бебето е хоспитализирано изјавиле дека момчето било родено само неколку часа, пред да биде пронајдено од жената.