недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 58
home Регион

Исповед на пожарникар: Четири часа копавме за да спасиме девојка од под урнатините

Исповед на пожарникар: Четири часа копавме за да спасиме девојка од под урнатините

Пожарникарски тим извлече од под урнатините жена која за време на силниот земјотрес во Петриња била во својата канцеларија во градската управа.

Од силината на потресот се урнал дел од кровот и бројни ѕидови.

-Четири часа копавме да ја извлечеме. Толку можам засега да кажам за тоа колку интервенцијата беше голема, вели Златно Пјеш од противпожарната единица.

Тој вели дека девојката некако била заштитена од канцелариската фотеља и таа и го спасила животот.

-Ја најдоа куќињата трагачи, некако успеавме да искомуницираме со неа. Тогаш почна потешкиот дел, копањето за да ја спасиме. Прво и ја ослободивме главата, тоа беше клучно. Тогаш интервенираше доктор и и даде кислород. Ја држевме будна, ништо не зборуваше, додава Пјеш.

Коронавирус