понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 82
home Регион

Исмаил Морина кој пушти дрон со знаме на Голема Албанија пуштен од притвор- еве што напиша на Фејсбук

Исмаил Морина кој пушти дрон со знаме на Голема Албанија пуштен од притвор- еве што напиша на Фејсбук

Италијанските власти го ослободија од притвор Исмаил Морина, попознат како Балист, кој управуваше со беспилотното летало со знаме на Етничка Албанија над стадионот во Белград за време на квалификацискиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во октомври 2014 година, по што избија серија насилства на теренот.

Веста за ослободувањето ја соопшти самиот Морина на Фејсбук, каде објави и негова фотографија заедно со албанскиот конзул во италиајнскиот град Бари, Адриатик Хаскај.

Триесет и шестгодишниот Морина по потекло е од Косово, а живее во Италија.

Тој беше уапсен во Дубровник под обвинение за илегално минување на државната граница.

Србија по него објави меѓународна потерница, албанските и косовските власти побараа од Загреб да го ослободи. Сепак, на 28 март годинава хрватските власти решија да го естрадираат во Италија.

На постот на фејсбук тој се заблагодарува на албанските, хрватските и италијанските власти што помогнале во „правдата за него“, а ги поздрави и сите Албанци со зборовите „Да живее душата на Албанецот“.