понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 142
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Иса Мустафа позитивен на Ковид-19

Иса Мустафа позитивен на Ковид-19

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и поранешен косовски премиер Иса Мустафа изјави дека е позитивен на новиот коронавирус и во следните денови ќе биде во самоизолација.

Мустафа на својот Фејсбук профил напиша дека освен што се чувствува истоштено, нема други симптоми.

– Останатите членови на моето семејство не се позитивни. Следните денови ќе ги поминам во изолација, напиша Мустафа, апелирајќи до сите граѓани да се придржуваат кон пропишаните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. (МИА)

Коронавирус