вторник, 31. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Инсектите ќе го намалат грчкото производство на маслиново масло за 40 отсто

Инсектите ќе го намалат грчкото производство на маслиново масло за 40 отсто

Производството на маслиново масло во Грција ќе биде помало за 30 до 40 проценти оваа година поради временските услови кои помогнаа за  размножување на маслиновите муви – инсекти што наштетуват на оваа култура, соопштија официјални претставници од Министерството за земјоделство.

Портпаролот на Министерството истакна дека тоа ќе биде „најголемиот пад на производството во последните три години”.

Според експертите, причина за тоа се пониските од вообичаено зимски температури и обилните врнежи во јуни, кои создадоа поволни услови за размножување на маслиновите муви. Во ноември Министерството за земјоделство започна научно истражување за да се анализира тој феномен и можната поврзаност со климатските промени.

Најмногу погодени се плантажите за маслинки во Месинија и областа Лаконија на полуостровот Пелопонез, кои се воедно и најважните области за производство на маслиново масло во Грција. Само островот Крит е поштеден од ширењето на инсектите.

На министерскиот состанок за ова прашање, кој беше организиран минатата недела, Атина побара помош од средствата на ЕУ за спаравувањесо кризи за да ги покрие загубите на производителите.
Грција е трет по големина производител на маслиново масло, по Шпанија и Италија.

МИА