сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Регион

Информации за донирање за погодените од пожарите во Грција

Информации за донирање за погодените од пожарите во Грција

Општина Рафина нема потреба од продукти, туку од финансиски средства, периферијата Атика собира вода, сокови и конзервирана храна, а грчката Влада објави специјална банкарска сметка за донации. Ова се последните информации за сите оние кои сакаат да им помогнат на погодените во катастрофалните пожари во Грција.

Грчката Влада, како што синоќа објави МИА, поради големата поддршка, интерес и солидарност од внатрешноста, но и на меѓународно ниво, отвори специјална банкарска сметка во Банката на Грција, за донации од странство за погодените во катастрофалните пожари. Дополнителни податоци за сметката се објавени денеска за сите оние кои сакаат да донираат:

Банка на Грција / Bank of Greece
број на сметка: 23/2341195169
IBAN GR4601000230000002341195169
Име: Министерство за финанси / Ministry of Finance
BIC/SWIFT BNGRGRAA

– На оваа сметка, ќе имаат можност да донираат странски држави, компании, но и граѓани од Грција и странство, соопштуваат од грчката Влада и објаснуваат дека целта е обновување на погодените области и на јавната инфраструктура, како и санирање на штетите.

Како што утрово објави МИА, со оглед на тоа дека и во Македонија се организираат хуманитарни акции за помош, за сите оние кои сакаат да им помогнат на погодените од пожарот, градоначалникот на општина Рафина, Евангелос Бурнус во разговор со дописничката на МИА од Атина, повикува тоа да го сторат со финансиска помош на отворените сметки за донација, како од општината, така и од грчката Влада.

– Решено е прашањето со храна, облека, лекови, сместување. Она што го бараме од сите, од целиот свет, од сите краишта на планетата е финансиска помош на сметката на општина Рафина или на сметката на владата за да се поправи инфраструктурата, рече градоначалникот Бурнус.

Од координативниот центар на периферијата Атика за МИА велат дека хуманитарната акција е во тек, собрана е потребното количество на лекови и облека, но имаат потреба од следните продукти:

-Флаширана вода
-Сокови
-Храна со долг рок на траење што не се чува во фрижидер (конзерви, спакувани кроасани, бисквити, двопек и слично)

Сите заинтересирани може да стапат во контакт со центарот:
Телефонски: +30210-4819001/ +30213-2129104/+30213-2129105/ +30213-2129117
Преку факс: +30213 -2129121
По e-mail: center@patt.gov.gr