четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 190
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Регион

Инциденти во ромска населба во Грција каде што се регистрирани 35 случаи на Ковид-19

Инциденти во ромска населба во Грција каде што се регистрирани 35 случаи на Ковид-19

Жителите на ромската населба Неа Смирни во грчкиот град Лариса, предизвикаа инциденти, запалија стари гуми и спречија претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција да ги префрлат позитивните на Ковид-19 во објект во кој ќе бидат во изолација, објавија грчките медиуми.

Во конкретната населба, по втор пат се појави новиот коронавирус, а 35 лица од 637 направени тестови се позитивни на Ковид-19 со што рано утрово со одлука на Секретаријатот за цивилна заштита се воведе полициски час во следните две седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, позитивните лица требаше да бидат префрлени во карантин во објектот на центар за рехабилитација, по што и се случија инцидентите.

Парламентарни избори 2020