вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 107
home Регион

Инцидент пред српското собрание: Протест на Двери и напади врз министри и пратеници (ВИДЕО)

Инцидент пред српското собрание: Протест на Двери и напади врз министри и пратеници (ВИДЕО)
Foto: Alo.rs

Лидерот на опозициското движење Двери, Бошко Обрадовиќ, со неколку пратеници и поддржувач, денес ги „блокираа“ скалите на влезот во српското собрание и во еден момент ги нападнаа министрите и пратениците на владеачкото мнозинство при влезот во зградата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, протестот заврши околу 11.20 часот, а лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ порача дека е дојдено времето за време за бунт и ги повика граѓаните ширум Србија да излезат на улиците во сабота во 19 часот и да формираат протестни колони со велосипеди, автомобили и моторцикли.

Поддржувачите на Обрадовиќ и Двери свиркаа и држеа транспаренти „Долу владата“, „Дали короната зависи од изборите“, носат српски знамиња и партиски симболи и порачуваат дека Претседателот на Србија го „предал Косово“.

Претходно, Обрадовиќ имаше „вербален дуел“ со министерот за здравство, Златибор Лончар, каде му порача дека ќе „оди во затвор“. Реагираше собраниското обезбедување, а Обрадовиќ потврди дека немало физичко насилство.

Пред Лончар, во парламентот беше пристигнат лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, на кого собраните му извикуваа „уа“.

Пратениците на Двери тврдат дека пратеникот Милован Дрецун физички ја нападнал нивната колешка Марија Jaњушевиќ, а пратеникот Марјан Ристичевиќ е снимен во зградата со искината јакна.

Приврзаниците на Обрадовиќ го нападнаа и навредуваа и лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП) Чедомир Јовановиќ, порачувајќи му дека не е опозиционер, бидејќи нема да ги бојкотира изборите на 21 јуни.

Синојќа во организација на Граѓанскиот отпор, околу илјада граѓани со лидерите на Сојусот за Србија (СзС) потестираа, удирајќи во тенџериња и свиркајќи пред зградата на претседателството на Србија.

Претходно партиите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС), го обновија решението за бојкот на парламентарните и локални избори на 21 јуни.

Денес, лидеот на Движењето на слободни граќани (ПСГ) Сергеј Трифуновиќ, кој беше на синоќешниот сотанок на опозицијата, изјави дека оваа партија донесла одлука сепак да излезе на изборите.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете на Телеграв.рс

Коронавирус