недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 65
Во живо

29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Им подари држава, па ред е да го пречекаат

Им подари држава, па ред е да го пречекаат

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, пристигна денеска во Приштина по повод одбележувањето на 20-годишнината од влезот на НАТО-силите во Косово.

Тој беше дочекан на аеродромот од страна на косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли.

„Добредојдовте помеѓу вашето семејство во Косово, господине претседателе“, напиша Пацоли на „Фејсбук“.

Клинтон престојува во хотел во центарот на Приштина, што го обезбедуваат полициски сили.

Попладнево тој ќе се состане со косовскиот претседател Хашим Тачи и со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.