четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 100
home Регион

И тие сакаат на море: Крави ја окупираа Големата плажа во Улцин (ФОТО)

И тие сакаат на море: Крави ја окупираа Големата плажа во Улцин (ФОТО)

Десетици крави окупираа дел од Големата плажа во Улцин, што претставува необична слика пред почетокот на летната сезона.

Фотографијата ја направил читател репортер, а ја објави порталот RTCG со надеж дека таа ќе го привлече вниманието на локалните власти за решение на овој проблем.

 

Читателот вели дека во текот на ноќта можат да се сретнат и на главниот магистрален пат Улцин – Ада Бојана – транзинт кон Албанија.

Укажува и на големиот број сообраќајни несреќи поради крави на патот.

-И грдо е да се гледа, а го загрозува сообраќајот. Можеби вашиот текст ќе помогне во решение на овој проблем, напиша читателот на порталот од најјужниот град во Црна Гора, Улцин, кој инаку е познат по убавината, особено оваа плажа и Ада Бојана.

Коронавирус