понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Регион

И БСП го вратија мандатот, Бугарија оди на нови избори

И БСП го вратија мандатот, Бугарија оди на нови избори

Лидерот на бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова, го доби мандатот за формирање влада на Бугарија но веднаш му го врати на претседателот Румен Радев откако не успеаа да обезбеди мнозинство за формирање на новиот владин кабинет.

Од БСП велат дека разговарале со сите политички партии во државата за да дојдат до мнозинство и можност да го демонтираат режимот на бојко борисов, но успеале да најдат коалиционен партнер.

„Партиите во парламентот не разговараат меѓусебно. Надвладува партиското его, личниот егоизам и желбата повторно да се оди на избори за да се освојат повеќе гласови. Нашата желба беше да имаме влада што ќе реши неколку важни прашања за земјата и народот. Во име на овие приоритети, подадовме рака на втората партија претставена во парламентот. За жал, тоа не беше прифатено“. – Корнелија Нинова.

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека разбира причините зошто партиите одлучуваат да го вратат мандатот, но предупредуи дека доколку работите наскоро не се посдобрат, државата лесно може да падне во уставна криза. Најави дека во следниот период ќе се сретне си сите политички фактори во државата и ќе побара од нив да ги преиспитаат своите приоритети.

„Ја ценам одлуката на Бугарската социјалистичка партија да не стане мандатор. Во оваа ситуација јасно е дека ќе го распуштиме парламентот и ќе закажеме предвремени избори. Но ако и по овие избори се дојде до истиот ќор-сокак и не може да се формира кабинет, Бугарија може да падне во не само политичка, туку и уставна криза.“ – изјави Румен Радев.

Радев најави и дека следната недела со декрет ќе го распушти националното собрание и ќе назначи привремена влада. Според бугарскиот претседател, новите парламентарни избори во државата најверојатно ќе се оддржат на 11-ти јули.

ЕУРО 2020

Македонија