недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Регион

И Албанија бара помош од Кина во справувањето со ситуацијата со коронавирусот

И Албанија бара помош од Кина во справувањето со ситуацијата со коронавирусот

Албанија побара од Кина помош во справувањето со пандемијата на коронавирус.

„Заменик-министерката за здравство, Мира Ракацоли, изјави дека остварила официјална комуникација со амбасадата на Република Кина, пренесувајќи го ова барање, јавуваат албанскте медуми.

До сега во Албанија потврдени се 51 случај на заразено лице со коронавирус, од кои едно веќе е починато.

Владата на премиерот Еди Рама, воведе строги мерки со цел да се спречи проширувањето на коронаврсот.

Меѓу другото целосно ја затвори границата кон сите соседни земји, забрани движење со автомобил на целата територија на земјата, освен со посебна дозвола, од синоќа по 18:00 часот, е воведена забрана за движење на граѓаните пешки по улиците, а премиерот Рама најави дека ќе биде воведена забрана пензонерите,што подразбира повозрасната категорија граѓани, да излегуваат од дома.

Коронавирус