петок, 27. април 2018. Вести денес: 14
home Регион

Хрватскиот Сабор гласаше ја ратификуваше Истанбулската конвенција

За Конвенцијата гласаа 110 пратеници, 30 беа против, а двајца воздржани.
Хрватскиот Сабор гласаше ја ратификуваше Истанбулската конвенција

Хрватскиот Сабор денеска ја ратификуваше Истанбулската конвенција, што беше проследено со аплауз во салата.

За Конвенцијата гласаа 110 пратеници, 30 беа против, а двајца воздржани.

– Суштина на оваа Конвенција е заштита на жените од насилство и од семејно насилство. Мора јасно да кажеме – Република Хрватска смета дека со оваа Конвенција не презема обврска во својата законодавна рамка да воведе родова идеологија. Интерпретативната изјава на Владата покажува дека Владата оценува оти Конвенцијата е во согласност со Уставот, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Владата потенцира дека нема правна обврска за признавање трет пол, ниту за редефинирање на бракот.

Нема правна обврска ниту во наставните планови да се воведува содржина која би се косела со општествените вредности.

Владата посочи дека целта на Конвенцијата е да се спречи насилството над жените и семејното насилство. Според податоците од полицијата, во периодот од 2013 и 2017 година во Хрватска имало 195 убиства, од кои 91 биле жени. Владата смета дека со ратификацијата се зајакнува правната, институционалната и финансиската рамка заради сузбивање не неприфатливото и општествено казниво насилство над жените и семејното насилство.

(Миа)