Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го напушти денес одбележувањето на годишнината од воено-полициската акција Блесок.
Милановиќ го напушти настанот откако еден од присутните истакна маица со усташкиот извик „За дом спремни“.
Премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ останаа на манифестацијата, а Милановиќ кажа дека тие морале тоа да го направат, пренесуваат хрватските медиуми.
„Јас во тоа не сакам да учествувам. Тоа е намерна провокација, го сметам тоа за газење на жртвите и сеќавањето на овој настан. Во иднина, каде и да има вакви ситуации, јас нема да учествувам“, кажа Милановиќ по напуштањето на настанот.