среда, 2. декември 2020. Вести денес: 172
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Регион

Хрватски министер поднесе неотповиклива оставка

Хрватски министер поднесе неотповиклива оставка

Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ денеска поднесе неотповиклива оставка.

Како што рече, ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.

-Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрација…не сум во состојба да прифатам невидени удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство, рече Мариќ.

Тој ја поднесе оставката после потпишувањето на договорот за подарување државен имот на општината Нови Винодолски, истакнувајќи дека тоа му е последен договор кој ќе го потпише.

-На сите кои сакаат мојот живот да го претворат во хаос им порачувам дека нема да успеат во тоа, рече сега поранешниот министер за државен имот. (МИА)

Коронавирус