четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Хрватската претседателка стана хит на СП 2018, а сега ќе добие и свој бренд- фабрика ќе произведува храна за деца наречена „Чоколинда“ (ФОТО)

Хрватската претседателка стана хит на СП 2018, а сега ќе добие и свој бренд- фабрика ќе произведува храна за деца наречена „Чоколинда“ (ФОТО)

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми вчера изјави дека нема ништо против тоа фабриката „Подравка“ еден од своите нови производи да го нарече Чоколинда.

Таа за медиумите откри дека на менаџерите во „Подравка“ им дала своја согласност еден од новите производи го нарече Чоколинда во нејзина чест.

-Им кажав на колегите од фабриката: Ви давам мојата согласност и се одрекувам од било каков надомест за новиот измислен производ кој ќе го наречете по мене. Уверена сум дека тоа добро ќе се продава, не само во подрачјето на југоисточна Европа туку и во други држави. Нека државата ни расте, а мене нека ми се смеат колку што сакаат. Ме загрижува трендот на лош и ружен јазик, јазик на омраза, но мене не може ништо да ме поколеба, изјавила за медиумите Колинда.

Инаку таа по втор пат е кандидат за претседателските избори во Хрватска која ќе се одржат идната година.

Коронавирус