понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Регион

Хрватската полиција врши увид во „куќата на ужасот“, од глетката ќе ви заледи крвта (ВИДЕО)

Хрватската полиција врши увид во „куќата на ужасот“, од глетката ќе ви заледи крвта (ВИДЕО)

Полицијата во Загреб пронајде шест тела во една куќа во населбата Кајзерица.

Според првичните сознанија, жртвите се убиени со огнено оружје, а убиецот засега е во бегство.

Околу 21 и 30 полицијата добила телефонски повик од жители во Нов Загреб , кои алармирале дека се слушаат пукотници.

Кога пристигнале во Цимерманова улица, убиецот бил избеган, а зад себе оставил 6 мртви тела.

Според последните информации кои ги соопшти Марко Рашиќ, началник на загребската полиција, убиецот застрелал двајца мажи, три жени и десетгодишно дете додека седуммесечно дете е рането и се наоѓа во детска болница. Како мотив се спомнува љубомора.

Цела Хрватска е под опсада и се трага по сторителот на овој масакр.

Во моментов хрватската полиција врши увид на местото на злосторството.