петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Регион

Хрватската полиција со поддршка за штрајкот на наставниците

Хрватската полиција со поддршка за штрајкот на наставниците

Хрватскиот синдикат на полициски службеници соопшти дека го поддржува штрајкот на вработените во образованието и најави дека ќе спроведе анкета меѓу своето членство за придружувањето.

Синдикатите на хрватската полиција порачуваат дека, во зависност од резултатот на анкетата, ќе почнат одредени акции што ќе ги интензивираат кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ, од 1 јануари следната година.

Синдикатите наведуваат дека ги поддржуваат луѓето од образованието бидејќи „меѓу владата и синдикатите воопшто нема дијалог, со оглед на тоа дека владата комуницира со синдикатите преку медиумите, место на маса со дијалог и аргументи“.

Поистоветувајќи се со штрајкувачите во образованието, полицајците тврдат дека како и тие се на дното од општественото скалило, а дека разликата е само во  тоа што во образованието имаат сложени и агилни репрезентативни синдикати кои преговараат со аргументи и кои не се согласуваат да бидат поткупени.

Коронавирус