петок, 22. март 2019. Вести денес: 110
home Регион

Хрватската министерка која удри дете со автомобил, со солзи си поднесе оставка (ВИДЕО)

Хрватската министерка која удри дете со автомобил, со солзи си поднесе оставка (ВИДЕО)

Хрватската министерка за регионален развој, Габриела Жалац, која возела со истечена возачка дозвола во моментот кога со своето возило удрила дете, поднесе оставка. Во сообраќајката што се случи во саботата во Винковци, потешко е повредено девојче кое претрчувало преку улица кога министерката на него налетала со возило.

Девојчето било пренесено во болница, а според хрватските медиуми, брзо заздравува.

Жалац денеска низ солзи даде изјава за медиумите во која ја покажа и својата возачка дозвола чија важност истакла уште во 2016 година и изјави дека го дала мандатот на располагање.

Не возев без возачка, имам возачка, но истечена е. На премиерот во саботата му понудив оставка. Му го понудив мандатот на располагање. Не ме оправдува тоа што возачката ми е неважечка. Тоа е сплет на околности. На мојата улица претрча дете, се обидов да го избегнам, а за среќа од спротивен правец не доаѓаше никој, вели Жалац.

Таа и се извини на јавноста и рече дека немала намера никого да згази, а возачката која ѝ била издадена во 2006 година е со траење од 10 години, но Жалац вели дека за тоа не била свесна до саботата по несреќата. Се очекува денеска премиерот Андреј Пленковиќ да каже дали ја прифаќа оставката на министерката.